Достапни линкови

Да се докаже дека земјата заслужува третман на сериозен кандидат


Македонија нема да биде поканета да стане членка на НАТО на самитот во Прага, но македонската делегација, претседателот и министрите за одбрана и за надворешни заминуваат утре во Прага со намера да докажат дека земјата заслужува да биде третирана како сериозен кандидат при следното проширување. Нашите аргументи се:

„Македонија квалитетот го покажа со тоа што конфликтот го реши со политички средства, второ преку организирање на фер и демократски избори.“

рече портпаролот на претседателот Трајковски Борјан Јовановски.

Слични очекувања и во министерството за одбрана

„Очекуваме да се истакнат напорите на нашата земја и партнерските активности на НАТО во стабилизирање на безбедносната состојба и прогресот е направен на патот на евро атлантската интеграција.“

изјави портпаролот на одбраната Марјан Ѓуровски шефот на државава во Прага и со иницијатива за регионално поврзување на земјите кадидати Албанија и Хрватска по принципот на балтичките држави. Најавена е средба на Трајковски, Мојсиу и Месиќ во Прага:

„И на таа средба претседателот ќе предложи конкретни механизми за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка меѓу овие две земји.“

На домашен план Македонија го започна процесот на реформи во одбраната неопходни за членство во НАТО со узвојување на нацрт-акциониот план за реформи.
XS
SM
MD
LG