Достапни линкови

Првите инспектори пристигнаа во Багдад


Првата група инспектори на Обединетите нации за оружје пристигна денеска во Ирак за да ја обноват истрагата за тоа дали режимот на Садам Хусеин поседува забрането оружје за масовно уништување.

Шефот на инспекторскиот тим Ханс Бликс и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи, заедно со уште дваесет и пет членови на тимот, ќе треба да ја организираат првата инспекција на оружје во Ирак по четири години. Според Бликс, таа би требало да биде спроведена најдоцна до 27 – ми овој месец. Бликс додаде дека одговорот на прашањето-војна или мир и натаму останува на двете страни-Ирак и Советот за безбедност на Обединетите Нации. Советот во почетокот на месецов усвои резолуција со која се предвидуда дека Ирак ќе се соочи со сериозни последици доколку не соработува со инспекторите за оружје.

„Ние ќе испитаме и ќе известиме за соработката или за немањето соработка. Нашиот извештај до Советот за безбедност ќе биде објективен. Но, на Советот е да реши како ќе одговори на евентуалната несоработка или соработка и да ги посочи консеквенците. Ние, инспекторите, не го правиме тоа.“

изајави Ханс Бликс. Официјален Багдад, наведувајќи дека не поседува оружје за масовно уништување, вети целосна соработка со инспекторите за оружје. Последниот инспекторски тим на Обединетите Нации го напушти Ирак перд четири години откако го обвини Багдад за несоработка. Инаку, американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд деновиве изрази уверување дека ирачките напади врз американските и британските авиони кои патролираат во зоната на забранети летови над Ирак претставуваат прекршување на последната резолуција на Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG