Достапни линкови

Останаа ветувањата на гостите


Рефлекторите на петтиот самит на Централно Европската Иницијатива се изгаснаа. Гостите си заминаа, а останаа ветувањата дадени од нивна страна.

„Мислам дека заедно може да го споделиме чувството на оптимизам. Јас веќе на сите ја изразив посветеноста и подготвеноста на Европската Банка за обнова и развој за пружа поддрша на владата во преземањето на активности,“

гласеше изјавата на Жан Линие, директор на Европската Банка за обнова и развој. Оваа финансиска институција вети дека до крајот на годината во Македонија ќе инвестира 25, додека за наредната планира дополнителни 50 милиони евра.

Италјанскиот министер за економија Антонио Марентино со оптимистичка изјава, но без конкретни бројки, парите се тука, само треба да знаеме како правилно да ги распределиме.

„Кога ги имаме средствата што се потребни треба само да изнајдеме најдобар начин како да ги искористиме во сите земји.“

Ваквите изјави стигнаа по критиките дадени на првиот работен ден на Харолд Крајд извршен директор на ЦЕИ кој констатираше:

„Вие имате потреба од стабилни и функционални институции. Второ, вам ви треба подобрување на инфракструктурата. Трета област е образованието. Потоа, следува борбата против криминалот. Борбата против организираниот криминал. Листата е подолга.“

Како интересен предлог за чија финансиска конструкција не стана збор е отворањето на економски зони на територијата на Македонија во кои на едно место ќе функционираат малите и средните претпријатија, по примерот на функционирањето на италијанските компании во Романија.

„Прво во делот на либерализацијата на законската регулатива и во можноста за стварање клима за развој на мали и средни претпријатија,“

вели министерот за економија Илија Филиповски.

Во рамките на самитот ќе остане забележана и изјавата на претседателот на стопанската комора на Југославија, според кои постојат организации од типот на ЦЕИ, како што се СЕКИ, ЦЕФТА, Пактот за стабилност, но сите тие имаат една карактеристика, нивните членови сакаат повеќе да одржуваат состаноци отколку да финансираат конкретни проекти.
XS
SM
MD
LG