Достапни линкови

Висок ризик и корупција причина за малите инвестиции во Македонија


Нефункционирањето на правниот систем, високиот степен на економски и безбедносен ризик, како и високото ниво на корупција се главните причини поради кој странските инвеститори, барем досега посериозно не се осмелуваа да го инвестираат својот капитал во Макеоднија е констатацијата која делегатите на земјите членки на централно европската иницијатива им ја искажаа на своите домаќини.

„Вие имате потреба од стабилни и функционални институции. Второ, вам ви треба подобрување на инфраструктурата. Третата област е образованието, потоа следува борбата против организираниот криминал. Листата е подолга,“

е ставот на Харалд Крајд извршен дирецтор на ЦЕИ. Во моментов во Македонија владее позитивна клима за влез на странсктите инвестици, дојдете и ќе се уверите е тврдењето со кое македонските претставници им го пренесоа на своите гости членки на ЦЕИ кои доаѓаат од 17 земји.

„Значајни реформи се прават на полето на отстранувањето на бариерите за влез на странските инвестиции, обезбедувањето на национален третман на странските инвеститори, поедноставувањето на процедурата за внесување на странски и мешовит капитал, како и примената на мерки и инструменти кои ја обезбедуваат сигурноста на инвеститорите,“


е ставот на министерот за економија Илија Филиповски.

Доколку Македонија успее да се справи со овие проблеми ЦЕИ е подготвен да ги финансира проектите што ќе овозможат побрз развој на државата. За демократските процеси, промоција на меѓуетничките односи и градењето на силно граѓанско општество ЦЕИ во 2002 година веќе инвестирал три милиони евра.

„Проектите добро се примени од земјите членки. Веќе за повеќе од половина година финансиравме над триесет проекти, што зборува дека организацијата станува оперативна и дека се движи на теренот и работи со луѓето.“

Но, на самитот беа присутни и учесници кои имаа поинакви ставови и мислења за улогата и помошта која ја даваат овој тип на организации.

„Постојат десетина иницијативи за соработка како што се ЦЕИ, ЦЕФТА; СЕКИ, Пактот за стабилност и други. Но, тие повеќе се ориентирани на состаноци, отколку кон финансирање на конкретни проекти,“

е ставот на претседателот на комората на Југославија.

Присутните гости на петтиот самит на централно европската иницијатива со забелешка, хотелските услуги во Макеоднија се многу скапи, сместувањето претесно за ваков тип на манифестации, а македонските бизнисмени не заинтересирани за посета на штандовите на своите колеги кои доаѓаат од 17 земји од европа.
XS
SM
MD
LG