Достапни линкови

Преговори за влегување на ПДП во владата


Во ПДП се уште се надеваат дека ќе бидат дел од владината коалиција

„Се уште има преговори помеѓу овие два субјекта и ќе видиме што конкретно ќе се договориме. Меѓутоа, сега за сега конкретно нема ништо, но можам да потврдам дека преговорите продолжуваат,“

изјави потпретседатлот Абдуљади Вејсели.

Дека прегови се водат потврдуваат и СДСМ, но оттаму демантираат дека просперитетот би го добил недополнетото заменичко место во ресорот Надворешни работи:

„Има некои разговори, но тие не се околу заменичкото место. Тоа останува во редовите на СДСМ, а треба да се најде некаква друга форма за ПДП,“

изјави портпаролот Јани Макрадули.

Ова откако весникот „Факти“ објави дека Исмет Рамадани ќе седне на местото заменик во МНР, а во пратеничките клупи би го заменил Фериз Дервиши кој доаѓа од кумановското село Черкези. Со што би се потврдиле информациите дека членството на оваа партија од кумановскиот регион вршело притисок Рамадани да се повлече од пратничките клупи бидејки сметаа дека заслужен за добиениот мандат на ПДП во првата Изборна единица е токму Дервиши и неговото влијание во тој регион.

Инаку, и вториот пратеник на оваа партија кој ја педводеше изборна листа во тетовскиот регион лидерот Абдурахман Алити поради истите причини, притисок од лобито на главниот финансиер на партијата Абдуљади Вејсели мораше да го повлече мандатот.

Партиски извори велат дека главна причина зошто ПДП досега не влегла во владината коалиција е ДУИ

„Директно не ни а кажано од страна на ДУИ дека тие се големи противници за влегување на ПДП во владата. Меѓутоа, такви шпекулации постојат. Мислиме дека ако има некои бариери, ќе се надминат.“

Од ДУИ нтиу ги демантираат ниту потврдуваат ваквите информации.
XS
SM
MD
LG