Достапни линкови

Позитивни оценки за Акциониот план за членство во НАТО


Нацртот на Акциониот план за подготовка на нашава земјава за членство во НАТО сеуште не е презентиран во алијансата, но генерално оценките се позитивни

„НАТО е среќен што Македонија е членка на Партнерството за мир. Очигледно, тоа е чекор кон интеграција во Европа и членство во поголеми организации како НАТО. Членките на Партнерството работат многу со алијансата, со цел навистина да се измени структурата на армијата, не само стандардно туку и опремата и сето тоа да биде во согласност со меѓународниот безбедносен систем. Примарно, тоа е добро за сите – и за нас, и за Македонија,“

изјави портпаролот на НАТО, Крег Ратклиф.

Сево ова откако забелешките на НАТО за потребата македонската армија да биде преструктуирана се испратени многу порано, а во подготвувањето на нацрт верзијата на акциониот план учествуваа и претставници на северноатлантската алијанса.
Сигналите што Македонија ги испраќа во последните неколку месеци, НАТО ги оценува мошне позитивно, велат диполматски извори. Тие секако ќе го подобрат досието на земјата во Брисел, но најголемиот дел од работата сеуште претстои. Особено позитивно, според изворите на алијансата, се оценуваат најавите декла македонската армија од употреба ќе ги исфрли скапите и застарени тенкови Т55, како и кадровското преструктуирање што има за цел Македонија да има мала, но ефикасна армија. Најавените реформи во насока во зголемување на интероператибилноста на армијата ќе се спроведуваат до 2007, а своевидна помош НАТО испраќа и во советодавната екипа која ќе функционира во министрството за одбрана

„Во Министерството за одбрана ќе имаме постојано советодавно тело составено од четворица претставници на НАТО, кое заедно со Генералштабот и Министерството за одбрана ќе работат на интензивирање на нашите напори да ја интензивираме Армијата на Република Македонија.“

најави неодамна министетрот Владо Бучковски.
XS
SM
MD
LG