Достапни линкови

Трпението на членството при крај


И покрај ветувањата на новата влада дека социјалниот договор со синдикатот ќе биде потпишан во првата недела од нивното владеење, до денеска овие два социјални партнери немаат остварено ниту вербален контак. Од синдикатот предупредуваат, ситуацијата меѓу членството полека почнува да зоврива.

„Рударите се на работ не трпението. Четири месеци немаат добиено плата, немаат сини картони, а тоа се случува и со другите загубари. И тие секој ден притискаат врз синдикатот: што стана, вие ветивте, а немаме никакви сигнали дека меѓу синдикатот и владата нешто оди напред во договарањето.“

Вели Мато Симоски секретар во Сојузот на Синдикати на Македонија. Тензијата меѓу синдикалците по6на да нараснува по изјавата на министерот за финансии Петар Гошев кој изјави дека за законот за загубарите ќе разговараме, но дали истиот ќе добие зелено светло ќе видиме. Се работи за закон поради кој на претходната влада од страна на синдикатот и беа организирани и најмасовните протести.


„Ќе видиме. Прво ќе се стави на маса, па ќе разговараме, ќе ги оцениме аргументите итн. Тоа е друга работа,“

е ставот на министерот за финансии Петар Гошев. Се работи за закон кој треба да го регулира статусот на вработените во фирмите загубари по истекот на 25 години работен стаж. Ваквиот предлог во времето кога коалицијата заедно се наоѓаше во опозиција беше едногласно подржан од сите нејзини преставници во парламентарниот дом. Ставот по ова прашање на коалицијата заедно сега очигледно по6нува да се менува констатираат во синдикатот.


„доколку законот не биде изгласан, Сојузот на синдикатите ќе организира протести и штрајкови, ќе врши притисок и ќе ги употреби сите средства за синдикална борба за остварување на правата на работниците.“

вели Симоски. Според најавите што доаѓаат од ССМ можна средба меѓу Муратовски и Црвенковски би се реализирала во текот на утрешниот ден.
XS
SM
MD
LG