Достапни линкови

Нереално е проблемот да се реши преку ноќ


Верувањето дека преку ноќ со формирање собраниска комисија и анкетни листови што ќе ги пополнуваат членовите на владата може да се направи радикален исчекор и да се реши проблемот на корупцијата во Mакедоија е нереално вели професот по политичка филозофија Бранко Саракањац еден од учесиците во проектот наречен културата на законот наспроти корупцијата.

„Антикорупциската борба почива на неколку принципи: не смее да биде краткорочна, не смее да биде спорадична и не смее да биде некоординирана. И кога ќе почне, таа мора да трае.“

Идејата за почитување на законите почива врз неколку основни принципи. Таа не смее да биде краткорочна, не смее да биде спорадична и не смее да биде некоординирана и мора да трае

Во таа смисла комисијата што ќе има задача да ја предводи борбата против корупцијата:

„мора да има многу подолг живот од мандатот на една партија.“

Во македонија е наметната една изместена ситуиација во која партијата на власт на себе презема премногу овластувања, но и обврски

„зема премногу обврски на себе кои – не конкретно оваа партија, туку која и да е – не може да ги исполни. Овие прашања се многу комплексни и динамични за да можеш да ги решиш одозгора. Тоа е таа приказна за автономна држава и тоа е таа приказна за добро управување, која исто така инсистира на положбата на граѓанинот.“

Вистинското решение е едукација на јавноста наспроти индиферентноста, колебливоста, скептичноста и чувството на обичниот човек дека не може ништо да смени во општеството.

„Во овие десетина години влеговме во апатија, едноставно изградивме еден ментален склоп на страдање и со она што се случи минатата година, тој склоп уште повеќе функционира: некој друг ни ги мести работите. Тоа мора да се поправи. Без улогата на поединецот, вие немате либерално општество.“
XS
SM
MD
LG