Достапни линкови

Изборот базиран врз принципот на одговорност


Процесот на договарањето на замениците министри, како впрочем и сите кадровски решенија се базираше врз принципипот на одговорност, велат коалициските партнери во владата.

„Пред се беше одговорноста и заедничката идеја како да се гради напред оваа држава,“

изјави Јани Макрадули од СДСМ. И за ДУИ клучен принцип во договорите беше формирање стабилна влада

„За нас како партија беше најважно да имаме принципи за соработка и за долгорочна и стабилна влада. Отидовме на тоа веднаш да ги распоредиме ресорите и веднаш работата да тргне вообичаено,“

рече Агрон Буџаку.

Меѓутоа за опозицијата присуството на некогашните членови на ОНА во извршната власт е причина за опстојувањето врз одлуката да не присуствуваат на седниците на собранието а кадровските решенија од СДСМ:

„Можеме повторно да констатираме дека имаме стари кадри предложени од Социјалдемократскиот сојуз коишто навистина не можат да се носат со ситуацијата и тука повторно имаме спој на нестручноста, некомпетентноста и корумпираноста. Од друга страна, од оние предлози коишто доаѓаат од партијата на убиецот Ахмети, може да констатираме дека станува збор за луѓе коишто убиваме Македонци – војници, полицајци и цивили и затоа ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави на нивниот избор, односно нема да ги гласаме овие луѓе.“

изјави Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG