Достапни линкови

Барање за исплата на заостанатите плати


Направените пропусти во процесот на приватизација, намерата да се распродаде и тоа нешто што е останато, да се избркаат работниците и да се изиграат сите досега дадени ветувања од страна новите газди се главните причини за денеска изразениот револт на вработените во „Нова Македонија“.

„Новите сопственици, наместо да се преземат мерки за подобрување на состојбата, се премина на оттуѓување на иметот. Имаме сознанија дека објектите на НИП „Нова Македонија“ се дадени под хипотека.“

Вели претседателот на синдкатот на „Нова Македонија“ Љубица Лешникова. Словенечките газди со капиталот создаден од нашиот труд сакаат да ги подмират досега неисплатените плати. Со таквата нивна намера ние не се сложуваме и истото нема да го дозволиме предупредуваат вработените во оваа новинско издавачка куќа.

„-да стопираме: она што е однесено да не се доразграби, а она што не е однесено да не се однесе
-да, личен доход ни обезбедуваат преку вонредни приходи со продажба на капиталот
- што ако е газда, кога се однесува како нецивилизиран човек. Иако не е наша работа, бараме приватизацијата да се преиспита.“


Доколку до утре вработените на „Нова Македонија“ не изнајадат заднички јазик со новите газди за во петок синдикатот најавува неизлегување на неделните и дневните изданија на оваа новинско изадавачка куќа.
XS
SM
MD
LG