Достапни линкови

Решение е децентрализација на власта


Се работи за мали групи незадоволници и поединци кои можеби имаат други неполитички амбиции, вели дирекорот на Центарот за безбедност и политика Димитар Мирчев коментрајќи ја појавата на организации како АНА и Македонски Национален Фронт.

„Мислам дека на површина тие вести за бомбашки напади и инциденти изгледаат доста драматично, меѓутоа, истовремено мислам дека не се сериозни. Имено, кај нас значително се стесни основата за дестабилизација на системот, за влијание на паравоени, терористички и други организации, бидејќи внатре во Македонија веќе нема никаква основа – ниту политичка, ниту правна – за дестабилизирачки влијанија на мали групи, поединци, незадоволни, или пак групи коишто имаат други, неполитички амбиции.“

Целта на ваквите организации е да се врши притсок врз системот за да се добиат некави конецесии вели Мирчев алудирајќи на:

„извозот, увозот, во шверцот да речеме, во трафицирањето на увозот на дрога, цигари, алкохол итн.“

Според него не може да се каже дека при вакви појави немаат вмешано прсти и странски разузнавачки служби

„Таа можност не може да се исклучи, меѓутоа, треба да се знае дека состојбата кај нашите соседи исто така се стабилизира, така што нема индиции дека од нашите соседи можат фа се импортираат некои дестабилизирачки фактори.“

Делувањата на ваквите организации може да се спречи со заживувањето на законот за локална самоурава односно децентрализацијата на власта како и зголемувањето на бројот на вработениет од етничките заедници кои не се мнозиство во земјава безбедносните институции на земјата.

„финансирањето на тие локални заедници во пакетот закони треба многу бргу да помине преку парламентот. Исто така, преку парламентот брзо ќе поминат и прописите за вклучување на Албанци и луѓе од другите заедници во јавната администрација и во репресивните органи – војска, полиција, судство и сл. – така што самиот систем ќе ги преземе функциите кои досега на некој начин беа врзани со меѓународниот фактор.“
XS
SM
MD
LG