Достапни линкови

Нов преговарачки тим за спорот околу името со Грција


Со нов преговарачки тим и со барање за примена на двојната формула според која Македонија би го задржала уставното име за меѓународна употреба освен во контактите со Грција претстедателот Трајковски најавува офанзивен пристап за решавање на спорот:

„Целта на претседателот и на преговорите е Македонија да го издејствува своето право во меѓународната заедница да биде призната под своето уставно име Република Македонија.“

Причина за ова е неповолната позиција во која се најде Македонија со досегашниот начин на преговарање:

„Преговорите се водеа на начин на којшто ние цело време дискутиравме за она што Грците го предлагаат,а тие предлагаа илјада варијанти кои не се Република Македонија.“

изјави портпаролот на претседателот Трајковски, Борјан Јовановски. Новиот тим што ги превзема преговорите го предводи професорот Љубомир Фрчковски. Во него се:

„професорите Љубомир Фрчковски, Тодор Џунов, Сашо Георгиевски, Никола Кљусев и Луан Старова.“

Членовите на тимот денеска во кабинетот на претседателот на прва официјална средба на која и формално ќе се концепира платформата со која Македонија ќе настапи на преговорите во Њујорк. Опциите се или двојна формула како основа за успешни преговори или нивно затворање бидејќи отворените преговори се пречка за нашите други обиди да го решиме проблемот. Со составот и основните начела на нашата позиција владата е веќе информирана, како и досегашниот преговарач амбасадорот Вања Тошевски:

„Направени се консултации во врска со ова и владата не го оспорува правото на претседателот да формира свои советодавни тимови со цел да се интензивираат преговорите. Досегашниот преговарач е информиран, заблагодарено му е на неговите досегашни напори што ги вршел во преговорите.“

рече Јовановски.
XS
SM
MD
LG