Достапни линкови

Пратениците ќе бидат заштитени од новинарите


Јас морам да ги заштитам пратениците од новинарите, изјави претседателот на Собранието Никола Поповски за работната верзија на правилникот за работа на претставниците на медиумите.

„Нема институција, работна организација, или било што, а јас сум должен по Деловникот тоа и да го направам, каде што акредитиран новинар има право на се како и вработените внатре. Јас не можам да дозволам пратениците да бидат прчекувани пред вратите на тоалетот, на влез и на излез, за да им се зема изјава и да им се снима тоа движење, простете, меѓутоа и без нивна дозвола за тоа.“

Поповски посочува дека мора да има некаков елементарен ред во парламентот.

„Не можам да дозволам, пратениците да си седат на работно место, тоа им е сега работно место по новиот закон, да си имаат работни активности, имаат странки, имаат меѓународни делегации, сите канцеларии не се со секретарки и се пожалуваат и мислам дека се во право, дека во среде средба, во среде работа на проучување закон, се тропа на вратата, се чука се влегува со камера со микрофон. Значи, мора некој да го одобри тоа претходно да им се влезе.“

За прашањето за професионализација на пратеничката функција првиот човек на законодавниот дом вели дека пратениците треба да имаат само засонован работен однос во парламентот, а не и на друго место:

„Никој во Македонија не може да заснова два работни односи, зашто не може да се пријави во Заводот за вработување, работен однос во све организации. Значи, тука се професионално вработени.“

На утрешната собраниска седница како што изјави Поповски ќе се избираат само министри во новата влада, но не и нивните заменици. Причина за ова е тоа што замениците ги предлага премиерот.
XS
SM
MD
LG