Не може да се каже дека станува збор за распределба на социјални станови, вели професор Љубица Чонева, експерт од областа на социјалната политика во врска со последната поделба на станови од министерството за транспорт и врски за социјално загрозената категорија на граѓани. Според неа овие луѓе со помошта што ја примаат од државата не можат да ги задоволат ни основните потреби. Доколку навистина овие станови биле наменети за социјални случаи, Чонева посочува дека ресорното министерство требало да побара:
„да се направи листа на приоритети на лицата коишто се најзагрозени,“
Таа оценува:
„Категоријата социјални станови воопшто не си го оправда постоењето заради кое заживеа во Македонија.“
Според Чонева еден од начините на кои може да се реши станбеното прашање на овие луге е по примерот на службените станови кои времено го решаваат овој проблем:
„затоа што во некои ситуации, на пример, и статусот на социјално загрозени се менува. Тоа е, на пример, кај децата коишто се во развој без родители и родителска грижа до 18 години, а после тоа немаат каде. Со своето прво осамостојување би добиле социјален стан, меѓутоа, тоа би било за краток рок, затоа што пред нив е перспектива, живот.“
Но, за да им се помогне на социјалните случаи може да се користи и донаторство за изградба на станови и притоа тие да им се доделуваат без учество, односно да не ги купуваат, смета Чонева.
Инаку, народниот правобранител побара да се поништат конкурсите за поделба на социјалните станови, бидејќи според него становите ги добиле луге кои не ги испилнуваат условите. Од друга страна во министерството за транспорт и врски велат дека при поделбата се водело сметка за сите критериуми и становите се доделени токму на кетгоријата за која се наменети.