Достапни линкови

Активности во согласност со виенскиот договор


Инспекторски тим на генералштабот на Армијата на Република Македонија извршува посета за оценување на единица на грчката Армија, лоцирана во поширокиот реон на Лерин. Оваа посета произлегува од правата и обврските од Виенскиот документ и Програмата за билатерална воена соработка меѓу Македонија и Грција.

„Од потпишувањето на виенскиот документ од страна на Република Македонија ова е прва активност која според документот Армијата ја реализира во соседна Република Грција. Целта на посетата е спроведување на одредбите на виенскиот документ, како и градење на мерките на доверба меѓу двете армии – стекнување на увид во состојбата на едницата, разгледување на објектите каде што е стационирана единицата, како и разговор со нејзиниот персонал.“

изјави портпаролот на АРМ, Зоран Секуловски.

До крајот на годината иста ваква посета за оценување ќе биде остварена од тим на Грчката Армија во Македонија.

Инаку не е прв пат инспекторски тим на АРМ да посети соседна земја во рамките на Виенскиот Документ.

„Во првата половина на оваа година имавме остварено посета и оценување на област во соседна Република Албанија. Така што, во зависност од квотите коишто се доделени со виенскиот документ за одредена земја, доколку има заинтересираност од страна на армијата за реализација на такви посети, тоа ќе го реализираме. Меѓутоа, се зависи од дозволените квоти кои и се доделени на земјата.“

Нашата земја оваа годима како што информираше Секуловски три пати била домаќин на армиски тимови од соседните земји.

„На Република Македонија и беа доделени три квоти за посета на област и една посета на единица за оценување, така што се реализирани сите четири посети. Претежно се работи за посети од соседните земји, од земјите членки на НАТО.“
XS
SM
MD
LG