Република Македонија заедно со уште четирите соседни земји веќе десет години се изолирана од енергетскот систем на југоистична европа. Причина се уништените и сеуште необновени главни трафостаници во Хрватска, Босна и Србија, како резултат на воените дејствија кој се одвиваа во овој регион објаснува академик Томе Бошевски.
„Македонија главно своите потреби ги задоволува се уште сама. Во последните две години има одреден увоз единствено од Бугарија.“
вели Бошевски. Проблемот се зголемува доколку се има во предвид фактот дека Република Бугарија до 2010 година ќе мора да ги затвори четирите нуклеарни блока на атомската централа „Козлодуј“ која се јавува како главен извор за производство на вишокот електична енергија, која оваа земја го извезува.
„Албанија никогаш немала вишоци на електрична енергија, Грција е класичен увозник на електрична енергија, Југославија, заради политичките и воените прилики има неподготвени електрани и таа, исто така, е во голем недостаток на електрична енергија.“
Поради изолираноста на овие земји од европскиот енергетски ситем, во тек е забрзана активност за нивно пофункционално поврзување објаснува Бошевски.
Градежните работи на дел од овие проекти се веќе запожнати, а со изградбата на останатите се очекува да се стартува најдоцна за една година.
„Со реализацијата на овие замисли и со постојната 400-киловолнтна врска со правец север-југ, Македонија ќе биде квалитетно поврзано парче од системот на југоисточна Европа.“
Финансиската конструкција е 65 милиои долари, а главен финансиер ќе биде Меѓународната банка за развој.