Достапни линкови

Експлозија на бомба под автомобил


Експлозивна направа изутринава била активирана во близина на седиштето на Демократската унија за интеграција во скопската населба Чаир. Според очевидци, станува збор за бомба поставена под автомобил паркиран во близина на просториите на таа партија. Од МВР велат дека истрагата е во тек и оти во моментов не можат да бидат соопштени повеќе информации за случјаот.

Сопственикот на уништениот автомобил Незир Шерифи вели:

„Ова се случи утринава во 4:50 часот. Слушнав силна детонација и излегов од куќа. Првин видов само чад, а откако се повлече чадот, видов дека колата ми е уништена. Мене не ми беа упатени ни закани, ништо и се чудам зошто се случи тоа.“

Повредени немало а во моментот на експлозијата во куќата која се наоѓа наспроти седиштето на ДУИ се наоѓал единствено Незир Шеригфи кој според нашите инфомации за време на минатогодишниот конфликт бил заменик командант на 116 бригада на ОНА.
XS
SM
MD
LG