Достапни линкови

Македонија ќе се соочи со енергетска криза


И додека новите сопственци на Југохром најавуваат што поскоро активирање на компанијата, академик Томе Бошевски предупредува, дури тогаш со сигурност можеме да констатираме дека Македонија ќе се соочи со тешка енергетска криза.

„Договорот за продолжување со работа на „Југохром“ доаѓа во најнезгодно време, кога Електростопанството нема реално согледување за долгорочно снабдување со електрична енергија.“

Со постојните произвотствени капацитети електрична енергија ќе имаме до 2010 година, но тоа во енергетиката е исклучително краток период објаснува академик Бошевски. Што по 2020 година?


„За тоа не се осмелувам ни да зборувам, ни да размислувам. Две илјади и десетта е нешто што е сигурно, а веднаш после тоа следува провалија.“

Само ФЕНИ и Југохром трошат 1 милијарда киловат часови електрична енергија, што претставува една половина од вкупното производство на најголемата термоелектрана РЕК Битола, која снабдува 80% од пазарот со овој енергенс во Макеоднија.

„Мора да се интервенира РЕК Битола да работи што е можно подолго.“

Решението е, покрај јагленот во процесот на производство на електрична енергија да се воведе и мазутот. Но, во тој случај се јавува друг проблем, цената на произведената електрична енергија ќе мора да се покачи.


„2,2 центи е цената што е договарана со Југохром и ФЕНИ, но тоа е нереална цена и се должи на недозволено брзото трошење на лигнитот во Битола. Ако тоа се сопре, тогаш производствената цена нема да биде 2,2 туку 3 центи по киловат.“

Следното решение кое исто така е неизвесно е изнаоѓањето на нови лежишта на јаглен што ќе ја продолжат работата на термоелектраната РЕК Битола.


„Нема време повеќе за размислување, туку треба да се прејде на изработка на главен проект за отворање на тие две потенцијални рудни наоѓалишта во РЕК Битола.“

Изнаоѓањето на новите лежишта на јаглен и вклучувањето на мазутот, според Бошевски ќе го продложат производствениот процес на РЕК Битола за дополнителни 30%, што е битен момент кога се има во предвид фактот дека Македонија нема други посериозни капацитети за производство на електрична енергија.
XS
SM
MD
LG