Достапни линкови

Протест на учениците Македонци од Шемшево


Околу 200 ученици од петто до осмо одделение од петте тетовски села кои го бранат името на училиштето „Даме Груев“ во Шемшево, своеволно променето од група етнички Албанци од селото, заедно со родителите и претставниците на месните заедници од општина Јегуновце утрово во девет часот го блокираа автопатот Тетово - Скопје на рампата кај селото Желино.

На блокадата под ведро небо, основците од селата Ратае, Жилче, Туденце, Трељубиште, Серичино, по стотина изгубени часови, го одржаа првиот училишен час во новата учебна година со надеж дека многу скоро наставата ќе ја следат во нивните училници во нивното училиште во Шемшево.

Од блокадата иницијативниот одбор на родителите на основците и претставниците на месните заедници, упатија апел до амбасадорите на влијателните земји, како и претставниците на меѓународните организации во Македонија да и асистираат на власта, да помогнат да се спроведе законот на целата територија.

Членот на иницијативниот одбор Зорица Јовановска најави кривични пријави против три министерства:

„Одлуката на иницијативниот одбор е ќе покренеме кривична постапка и одговорност, од министерот за образование Новковски, од министерката за култура Ганка Самуилова Цветанова, од министерот за транспорт и врски Балковски за нерешавање на овој наш проблем. Сите активности ќе ги ставиме во мирување и ќе почекаме да се фомира новата власт и ќе побараме прием кај надлежните органи од ново формираната власт и ќе им ги пренесеме сите овие наши проблеми и ќе чекаме решавање на сите наши проблеми.“
XS
SM
MD
LG