Достапни линкови

По 15-ти декември, веројатно изменета мисија на НАТО


Потребите на нашата земја за поголема контрола на границите и обучување на безбедносните сили се главната работа поради која на Македонија од наредната година ќе и биде потребна нова мисија на НАТО, вели македонскиот амбасадор во алијансата, Нано Ружин. Според него тоа ќе и помогне на земјава за приближување кон НАТО стандеарите. По завршувањето на мисијата на лисиците на 15 декември, најверојатно ќе има поинаков вид на безбедносни сили кои би биле детерминирани од наша страна и од НАТО, вели Ружин кој посочува дека во овој контекст значаен субјект е и ЕУ, но засега нема ништо конкретно од тоа, бидејќи унијата е далеку од испраќање на безбедносни сили. Според него можно е во земјава да има цивилна мисија или пак еден вид регионални сили кои би овозможиле поголема гранична контрола:

„Тоа треба првин да се договори на ниво на НАТО, а второ на ниво на државата.“

Амбасадорот посочува оти е многу важен фактот дека постои расположение кај меѓународната заедница да испрати сили со сосема поинаков мандат. Ружин оценува:

„Македонија има реални шанси повеќе да биде корисник, што би рекле, повеќе да биде произведувач, да испраќа мировни сили, како што е сега случајот симболично во Авганистан.“

Според него потребата на одреден мандат на НАТО во смисла на поголема стабилизација на состојбата се наметнува од сама реалност. Треба да покажеме дека нема потеба некој да менаџира со кризата, со што јакне позицијата на Македонија на меѓународната сцена.

И покрај тоа што најверојатно Македонија нема да биде рамноправна членка, алијансата најавува поинтензивна соработка со останатите земји, но и покрај ова Ружин посочува дека не може да се каже кога Македонија ќе стане членка на алијансата

„Прво, никој не го коментира наредното проширување. Знаеме дека наредниот самит на НАТО ќе биде 2004-та, спроти американските претседателски избори, но тоа не значи и круг на проширување. Второ, никој не може да ви вети ваше членство доколку вие не се оспособите и го заработите тоа.“
XS
SM
MD
LG