Достапни линкови

Ајтекин Акташ, претставник на ОБСЕ во регионот. Состојбата во тетовско значително подобрена од лани


Каква е моменталната ситуација во тетовскиот регион споредено со истиот период лани?

Ситуацијата во Тетово, ако ја споредиме со истиот период лани е многу подобрена. Дури, таа е неспоредлива бидејќи сега постојат соодветни услови за полицијата да делува, може да се движи слободно, населението бара инволвирање на полицијата во некои случаи, а постои и нивна блиска соработка.

Минатата недела имаше дислоцирање на армиски единици од кризните региони. Како тоа беше прифатено од ОБСЕ, но и од локалното население во Ратае и Желче?

Ние всушност бевме изненадени од тоа што немаше реакции од населението во Желче и Ратае. Армијата и полицијата сеуште имаат мобилни патроли. Но, иако нема нивни стабилни позиции, верувам дека постојат добри услови луѓето да ја почуствуваат средината како безбедна.

До нова година, канцеларијата на ОБСЕ во Гостивар треба да се затвори, со што ингеренциите на канцеларијата во Тетово видно ќе се зголемат.

Иако теренската канцеларија во Гостивар ќе биде затворена наскоро, тоа не значи дека ОБСЕ нема да ја покрива оваа област. Особено во делот меѓу Тетово и Гостивар. Нема да има намалување на теренската активност на ОБСЕ, ќе продолжиме со иста сила и работа.

Може ли нешто поопштирно за намерите на жителите на некои села, воглавно населени со етнички Албанци за доброволно разоружување?

Некои полициски команданти, со кои имам добри контакти ме известија дека примаат барања од луѓето и дека тие се распрашуваат кај полицијата дали собирањето на оружјето ќе почне наскоро. Тоа претстатвува проблем за нив и за нивните семејства. Но, ако постои закон за предавање на оружјето, тоа многу би помогнало.

Во јаунари изјавивте дека ваша крајна желба е да ги видите луѓето како се движат слободно во сите делови на Тетово и тетовско, дали вашата желба се исполни?

Колку што знам јас, да. Сега постојат целосни услови за слободно движење во оваа област. Никој не запира никого поради етничката припадност. Секако постојат криминални групи, кои извршија некои дела тука, но секогаш ќе постојат предизвици со кои полицијата ќе мора да се соочи. Сепак, генерално можам да кажам дека постојат услови за слободно движење.
XS
SM
MD
LG