Достапни линкови

НАТО останува насочен на односите со Македонија


Задолжен да го формира американскиот став за земјите кандидати за членство во НАТО пред самитот на Алијансата во ноември во Прага американскиот претставник во НАТО Николас Барнс во рамките на турнејата низ сите девет земји аспиранти за членство во Скопје разговараше со претседателот Трајковски и мандатарот Црвенковски. Воздржан околу подготвеноста на земјава да влезе во предстојниот круг на проширување на Алијансата Барнс со ветување за натамошна соработка и поддршка на македонските амбиции за членство

„Нам ни е сосема јасно дека македонското раководство, претседателот Трајковски и сите други политички лидери сакаат да имаат иднина во НАТО, а тоа е она што и ние го сакаме. Така што без оглед што ќе се случи во Прага, јас не знам каква ќе биде одлуката, но и таа да биде позитивна или негативна факт е дека НАТО ќе остане насочен кон односите со Македонија и нашата долгорочна амбиција е да ја интегрираме Македонија во основните инситуцији на евроатланската заедница НАТО И Европската Унија.”

Рече Барнс. Што се однесува до мандатот на „Килибарните Лисици“ во земјава Барнс рече дека очекува позитивна одлука на министерскиот совет на Алијансата за нивно останување до декември годинава.

„Позицијата на САД е дека мандатот на НАТО треба да се продолжи до декември, кога ќе биде составена новата влада очекуваме да разговараме со неа за ова прашање,“

рече Барнс

За формирањето на новата влада, и нејзината идна програма Барнс и членовите на американската делегација посебно разговараа со мандатарот Црвенковски и неговите соработници. Американскиот претставник изјави дека е мошне задоволен од разговорите и декларираната подготвеност на идниот премиер да ги задржи добрите односи на Македонија со Соеднитетите Американски Држави и со НАТО.
XS
SM
MD
LG