Достапни линкови

Разговорите продолжуваат во понделник


Првата официјална средба меѓу преставниците на Коалицијата „За Македонија Заедно“ и ДУИ за состав на новата влада што се одржа далеку од очите на јавноста поминала во конструктивна атмосфера изјави Агрон Буџаку портпарол на ДУИ:

„Разговорите поминаа во конструктивна и работна атмосфера. Беше тоа прва средба и се водеше разговор за натамошни средби и соработка во врска со формирање на нова коалиција. Разговорите ќе продолжат во понеделник.“

Освен потпретседателите на СДСМ Никола Поповски и Радмила Шекеринска на вчерашните разговорите учествувал и Јован Манасиевски од ЛДП, додека преговарачкиот тим на ДУИ бил надополнет со Муса Џафери генерален секретар на оваа партија кој за време на воената криза во земјава беше назначен за преставник на ОНА во Брисел.

Преговорите се очекува да завршат кон крајот на идната недела. Утре Централниот одбор на СДСМ треба да реши дали мандатот са составување на новата влада ќе го добие лидерот Бранко Црвенковски или пак некој друг, по што претседателот на државата Борис Трајковски, според најавите во понеделник и формално ќе го назначи мандатарот за составување на новата влада.

Инаку лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера попладне се сретнал со претседателот на ДПА Арбен Џафери:

„Точно е, вчера по покана на лидерот на ДПА Арбен Џафери, Али Ахмети се сретна со претседателот на ДПА.“

Целта на оваа средба била разгледување на ситуацијата по изборите и унификација на политичките ставови на сите албански политички партии во врска со имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор.
Џафери притоа ја дал неговата целосна политичка поддршка на лидерот на ДУИ Ахмети. Според извори од ДПА Џафери на Ахмети му пренел дека ќе биде премиер во сенка на Албанците во Македонија.
XS
SM
MD
LG