Достапни линкови

Советот за безбедност е консултативно тело и не одлучува


Советот за безбедност е само консултативно тело и не е орган што одлучува вели профосорот по уставно право Светомир Шкариќ, објаснувајќи го вчерашниот спор на релација Генралштаб на АРМ и премиерот Георгиевски кој смета дека повлекувањето на армиските пунктови од поранешните кризни региони е противуставно бидејќи не е консултиран Националниот Совет за Безбедност.

„Одлуки за тоа донесува само претседателот на Републиката, а Советот тој го користи само како советодавно тело. Тоа е тело кое нема право да донесува одлуки. Според тоа, штом нема таква компетенција да одлучува за разместување на вооружените сили, тогаш не може да се постави во прашање и уставноста на одлуката.“

изјави професорот Светомир Шкариќ.

Нардебата за повлекување на армиските пунктови според Генералштабот ја дал врховниот командант Борис Трајковски, а ваквите одлуки не подлегнуваат на уставна контрола вели Шкариќ.

„Тоа кај нас не е регулирано, тоа е уставна празнина. А уште е попроблематично што Советот за безбедност не мора да се консултира. Нема таква обврска. Претседателот ќе го консултира кога ќе оцени, но нема никаква обврска дури ни да ги почитува советите на тоа тело.“

Со повлекувањето на армијата смета премиерот Герогиевски припадниците на полицијата се доведени во несигурна позиција на теренот со што сериозно се нарушува целиот безбедносен систем на земјата. Додека во соопштението на АРМ се вели дека со повекувањето на пунктовите не се доведува во опасност безбеднота во поранешните кризни региони туку повлекувањето ја зајакнува довербата што Армијата ја има кај месното население и овозможува рационализација на ресурсите со кои располага Армијата.
XS
SM
MD
LG