Достапни линкови

Сулејмани не го отстапува ректорското место


Поради закани од разрешениот ректор на т.н. Тетовски Универзитет, Фадил Сулејмани денеска е одложена промоцијата на ново избраниот ректор Ремзи Несими.

„Па, претходниот ректор сакаше и ние се согласивме. После 15 октомври ќе биде промоцијата.“

изјави Резми Несими .

Тој на функцијата ректор е назначен минатата недела со мнозинство гласови од Сенатот на сеуште непризнатиот Тетовски Универзитет, но со тоа не се согласува досегашниот ректор Сулејмани кој вели

„Не сакаме да занимаваме со нивните работи, бидејќи тие не преставуваат никого во овој Университет и ја немаат подршката од ниту една структура, се работи за мала група луѓе чија цел е уништување на Тетовскиот Универзитет во име на неговото официјализирање,“

изјави Сулејмани.

Од самото основање на Тетовскиот Универзтет 1994 година Сулејмани се наоѓа на местото ректор, тој вели Наставничкиот Совет се ангажира да на се одржи оваа академска година

„Нивна цел е останатите студенти од овој Универзитет да се распределат во штулиовиот и другите универзитети низ земјава.“

вели Сулејмани кој пак днешното официјално назначување на ново избраниот ректор Несими го спречил со вооружени лица кој го чуваат неговиот кабинет.
XS
SM
MD
LG