Достапни линкови

Опомена за владата од светската банка


Претставниците на Светската банка за првпат и официјално ја опоменаа владата за масовните вработувања што се реализираат во последно време во администрацијата и јавните претпријатија. Мари Елен Брикнел постојаниот претставник на светсакта банка во Македонија денеска го посети министерот за финансии Никола Груевски .

„Ние дискутиравме дека владата мора да биде внимателна, со цел да се задржи правецот на реформите кој што се предвидени во јавната администрација, особено поради преземените обврски што ги има Макеодонија кон светскта банка и псмак аранжманот. Имавме и други теми на разговор, но јас му споменав на министерот дека псмак аранжманот е многу важен и дека Македонија мора да продолжи истиот да го спроведува.“

е ставот на Брикнел. Се работи за аранжман од 45 милиони американски долари чии средства треба да се употребат за реформи во јавната администрација. Псмак аранжманот за реформи во јавната администрација Македонија од светската банка го доби во текот на мај оваа година.

Повелкувањето е планирано да се реализира во три транши, но поради досега не започнатите реформи оваа финансиска институција нема одобрено ниту долар од предвидените средства.

Според пресметките на светската банка Македонија во текот на наредните неколку години, јавната администрација ќе треба да ја преполови или од постојните 100 илјади административци , бројката ќе треба да се сведе на 55 илјади.

Во меѓувреме постојната влада секојдневно вработува нови лица во овие институции. Официјалните инфомрации на синдикатот се дека досега се вработени 1500 лица, додека неофицијалните се дека таа бројка се движи до три и пол нови вработувања.
XS
SM
MD
LG