Достапни линкови

Во Македонија нема опасност од поплави


Во Македонија не постои опасност од поплави и покрај интензивните врнежи кои ја зафатија нашава земја во посленит неколку дена велат од Управата за Хидрометереолошки работи.

„Во текот на ноќта во републикава беше променливо облачно, во одделни делови имаше врнежи од дожд. Повеќе врнежи имаше во западните делови на републикава, исто како и во претходните денови. Таму има доста акумулирано вода, а во другите места врнежите беа со послаб интензитет, така што нема некои посебни услови за поплави.“

изјави дежурниот синоптичар при Управата за Хидрометеролошки работи Панче Трајановски.
Инаку во случај врнежите да продолжат и земјата се најде под закана на полави, главниот град Скопје засега нема ниту штаб ниту единица за брза интервенција, едеинствен кој во таков случај би бил подготвен да им помогне на граѓаните е штабот за Цивилна заштита во Министерството за Одбрана. Главна опасност за градовите би било подгиањето на нивото на реките, а стручњаците најмногу стравуваат дека насипите од реките може да попуштат доколку Треска и Лепенец го преполнат Вардар.

Но, сепак најавите од Хирометеролошката управа за среќа се оптимистики:

„Оваа депресија што сега е над нас и влажните воздушни бранови ќе поминат, така што во текот на викендот ќе имаме сончево време со умерена облачност, а температурите малку ќе опаднат и ќе се движат меѓу 17 и 25 степени.“

изјави Трајановски.
XS
SM
MD
LG