Достапни линкови

Улогата на македонските органи во постапката против осомничените


Постои судир меѓу законот за амнестија и статутот на Хашкиот трибунал, поради тоа тричлениот судски совет на Хашкиот трибунал треба да одлучи - дали за Али Ахмети и Фазли Велиу и останатите осомничени за злосторства против човештвото ќе бидат исклучени македонските надлежни органи, односно за нивната судбина комплетно ќе одлучува Хашкиот трибунал или сепак во постапката ќе бидат вклучени и нашите органи, вели Никола Тупанчевски, доктор по казнено право на Правниот факултет.

„Во членот 9 од статутот на Хашкиот трибунал стои дека Хашкиот трибунал може во било која фаза од постапката да го преземе случајот.“

Меѓутоа, тој објаснува дека во Статутот на Хашкиот трибунал не стои дека може да го исклучи националното законодавство од постапување по таквите случаи. Спротивно на ова:

„Доколку се земе предвид Законот за амнестија, таму експлицитно е наведено дека Република Македонија е исклучена од постапување во врска со ваквите предмети.“

Според овие акти значи дека Хашкиот трибунал може да преземе случај од националните судови, тоа може да го направи во целост или пак да даде обврски на нашите судови или јавното обвинителство со што би се олеснила постапката на собирање на докази:

„значи дека постои можност нашите органи да бидат во улога на асистенти во собирањето докзаен материјал за донесување на пресуда. Меѓутоа, пак ќе речам ова би можело да претставува коректив на нивниот став во смисла на тоа дека македонските власти може да бидат ангажирани во олеснувањето на целата постапка.“

Токму поради ова отворено прашање деновиве во Хаг престојува македонска делегација предводена од јавниот обвинтел Ставре Џиков кој имаше свое излагање пред судскиот совет на трибуналот, а делегацијата остварува и средби холандските обвинители.
XS
SM
MD
LG