Достапни линкови

Консултантска куќа ги анализира состојбите


Како дел на воената помош што Соединетите Држави и ја даваат на Македонија советничката компанија Буз-Ален-Хамилтон го започна проектот за помош во прилагодувањето на македонската армија кон стандардите на НАТО. Експертскиот тим кој веќе престојува во земјава врши анализа на состојбите, а на 15 октомври ќе ги достави и првите предлози. Станува збор за анализа и проценка за подигање на стандардите на АРМ во неколку сегменти:

„Бараме помош од страна на експертите во четири различни функционални области. Првата е на полето на обуката, втората е во врска со персоналниот менаџмент, третата е логистиката, одржувањето и набавките на нова опрема и четвртата е помош во развојот на системот за планирање, буџетирање и програмирање.“

вели портпаролот на АРМ Зоран Секуловски.

Она што е карактеристично за овој проект, а се разликува од претходната советничка функција што ја имаше контраверзната американска компанија МПРИ е што советниците од Буз -Ален-Хамилтон немаат право да бараат или предлагаат измени на структурата на АРМ.

„Компанијата не ќе има право да се меша во досегашната развиена структура на АРМ.“

Презицира портпаролот Секуловски. Станува збор за компанија која врши консалтинг услуги за реформи во областа на одбраната која ја изведе трансформацијата и на американската армија и секретаријатот за одбрана.
XS
SM
MD
LG