По распаѓањето на поранешна Југославија како резултат на десет годишните војни според официјалните податоци на ОН, во регионов живеат над 1,200,000 бегалци и раселени лица.
За решавањето на статусот и враќањето на бегалците во мaтичните земји или нивно интегрирање во новата средина, Пактот за стабилност покрена регионална иницијатива во која се вклучени владиниот и невладиниот сектор од регионот.
„Регионалната иницијатива за враќањето на бегалците и раселените лица на Пактот за стабилност е рамка на организации и влади што се засегнати и заинтересирани за прашањата што се однесуваат на бегалците и раселените лица во регионот. По изработката на националните стратегии во БИХ, Хрватска и СРЈ очекуваме конкретни резултати.“
вели Киријан Клајншмит од Пактот за стабилност.
Најголемиот број или 667,000 бегалци и раселени лица живеат во Србија и Црна Гора, од кои 437,000 се бегалци од БИХ и Хрватска, а 230,000 се раселени лица од Косово.
„Се обидуваме на луѓето кои сакаат да се интегрираат да им се овозможи брзо добивање државјанство, вработување и градење домови што е многу скапо и оди бавно. Во СРЈ има доста луѓе кои сакаат да се вратат во своите куќи. Но, тие тешко имаат пристап до документите за враќање и до програмите за обновување и враќање на имотот. Соработката меѓу владите во регионов е од исклучително значење за трајно решавање на проблемот на бегалците,“
вели Весна Голиќ од групата 484 во СРЈ. За состојбите во Хрватска зборува Анкица Горкиќ од Српскиот Демократски Форум:
„Сметката ја плати малцинската популација бидејќи за Хрватите кои беа протерани за време на војната Хрватска сепак се погрижи, така што од 220,000 хрватски бегалци и раселени лица вратени се речиси сите во местата каде живееле пред војната. За жал враќањето на малцинските групи долго време беше оневозможено речиси целосно, за што освен недостаокот на политичка волја, влијае и проблемот со законодавтството.“
Со официјална бројка од околу 3,000 Македонија е земја со најмал број бегалци во регионот, на што се додаваат и внатрешно раселените лица продукт на минатогодишниот конфликт. Заради универзалната природа на проблемите на овие лица нашата земја е вклучена во регионалниот проект на Пактот за стабилност.
„Проектот заложување за законски измени, односно измени на регулативи во регионот има за цел да направи обид за приближување на законските одредби кон тоа што значи законски одредби на современа Европа,“
вели Бујар Ибиши од АДИ Македонија.