Достапни линкови

Има разлика меѓу официјалната и вистинската соработка


Односите меѓу нашава земја и Албанија се на просечно ниво, генерално постои суштинска разлика мегу официјaлниот и вистинскиот начин на соработка, односно се сведува само на декларации, а треба да се вложат многу напори во развојот на мегусебната економска соработка, вели Јосиф Курчиев, координатор на проектот - Македонија и Албанија кон подобро заеднико признавање и разбирање - за резултатите од истражувањето спроведено од институтот Евро Балкан. Истото истражување е раелизирано и во Албанија од Институтот за демократија и медијација.
Тој објаснува дека посебен акцент треба да се стави:

„во регионалните проекти во коишто учествуваат двете држави на чело со АМБО и коридорот 8. Од една страна Македонија не го искористува доволно пристапот до море во Албанија, како што се пристаништата во Драч или Валона, а од друга страна македонскиот пазар е речиси непознат за албанските фирми и претпријатија.“

Хисен Рамадани вели дека има повеќе клучни прашања мегу овие две земји како што се:

„поврзани со нивниот меѓусебен развој. Од една страна, за јакнење на нивната меѓусебна доверба како самостојни суверени држави.“

Тој објаснува дека по кризата која се случи мината година во Македонија се отвараат широки полиња за соработка.

„Неопходно е довербата да ја зајакнеме, а таа пак ќе биде широка база за јакнење на соработката.“

Поранешниот македонски амбасадор во Албанија, Никола Тодорчевски зборувајќи во свое име истакна

„Многу важен момент според мене, а особено важен за вкупното чувство на нашите односи беа пограничните средби, средбите на населението кои се одржаа во еден многу кус период на границата меѓу Република Македонија и Република Албанија.“

Тој посочи дека во тој период имало стравувања дека ќе дојде до масовен наплив на луге, но тоа се покажало како неосновано.
XS
SM
MD
LG