Достапни линкови

Војниците почнаа да пристигнуваат за „Динамичен одговор“


Динамичен одговор е вежба на војниците на НАТО која ја изразува волјата на оваа организација да обезбеди засилување на Балканот во случаи на итност, но и за задржување на мирот и стабилноста во овој регион, вели портаролот на алијансата во земјава, Крег Ратклиф кој објаснува дека ова е вообичаена активност на 2.250 војници од земји членки на НАТО.

„Војниците почнаа да пристигнуваат од 16 септември односно од пред неколку дена од солунското пристаниште и се префрлуваат во Македонија и на Балканот ќе бидат околу 30 дена,“

информира Раклиф и посочува:

„Македонија нема да види никакви воени активности туку само префрлување на војниците до Косово
Во контекст на мандатот на мисијата на Лисиците на НАТО тој вели дека тие се во земјава по барање на владата и ќе останат и по завршувањето на нивниот мандат на 26 октомври, само ако новата влада го побара тоа.“


Повеќе од веројатно е дека безбедносните сили на Европската унија нема да ја заменат мировната мисија на НАТО лисиците по завршувањето на нивниот мандат на 26 октомври, велат извори од Европската унија. Прво треба да се реши проблемот со Турција која е членка на НАТО, но не и на Европската унија Значи таа треба да се согласи со барањето на ЕУ за дејствување на нејзините сили и во земјите членки на НАТО, а не само на унијата. Поради ова подготовките во Брисел за испраќање на европските безбедносни сили во Македонија сеуште нема да завршат во догледно време.
XS
SM
MD
LG