Достапни линкови

Македонија ќе има релативно стабилна влада


Најавата дека коалицијата „За Македонија Заедно“ има 61 пратеник, што значи апсолутно мнозинство да формира влада значи дека во земјава ќе има релативно стабилна извршна власт, вели М-р Рената Дескоска од Правниот факултет. Според неа коалицирањето со партија од албанскиот блок значи волја да се изрази ситуацијата во земјава.

„Овој изборен резултат ја зголемува и улогата на премиерот којшто може да формира една стабилна влада којашто ќе може да работи според насоките утврдени однапред со програма. Значи, на личната волја, односно на волјата на коалицијата е оставена можноста за коалицирање со албанските политички партии, но стабилноста им обезбедува можност да одолеат на притисоците, бидејќи прифаќањето на определена заедничка платформа за работењето на македонските политички партии во таа влада ќе биде субјект на заеднички договор, а не субјект на уцена.“

Со оглед на овие изборни резултати Десковска посочува дека многу лесно ќе се лоцира одговорноста на идната влада.

Новото Собрание треба да се конституира во рок од 20 дена од денот на одржувањето на изборите, што значи претседателот на парламентот Стојан Андов треба до 5 октомври да свика седница на која ќе се верификуваат новите пратенички мандати, доколку пак тоа не се случи пратениците ќе се состанат на шести во 10.00 часот

„Собранието може да се конституира доколку на седницата се присутни мнозинство од вкупниот број пратеници и може да се конституира доколку на таа седница се верификуваат мандатите на две третини од пратениците.“

Откако ова ќе се случи претседателот Борис Трајковски е должен во рок од десет дена да го даде мандатот за состав на Владата на кандидатот на пратијата или коалицијата што освоила мнозинство,
Десковска објаснува:

„Мандаторот е долѓен во рок од 20 дена од доверувањето на мандатот да поднесе програма до Собранието и да го предложи составот на владата.“
XS
SM
MD
LG