Достапни линкови

Македонија го положи тестот


Македонија го положи тестот, а граѓаните на оваа земја направија голем чекор што е важно за развојот на демократијата, оцени Кимо Килјунен специјален претставник на претседавачот на ОБСЕ за координација на набљудувачите на Канцеларијата за човекови права и демократски институции, како и оние од парламентарните собранија на Советот на Европа, Европската унија и ОБСЕ. Но, Килјунен поочи дека во текот на изборната кампања, како и на денот на гласањето имало и инциденти. Притоа го спомена убиствоѕо на двајцата полицајци, напади на партиски штабови, а посебно се осврна на инцидентот во Лешок што се случи на денот на гласањето за што како виновни ги посочи припадниците на специјалната единица на МВР, лавовите. Тие меѓу другото беа посочени и за зголемување на тензиите и предизвикување на насилни инциденти.

„Демократскиот процес не треба да биде во стапица на мала група на екстремисти кои вршеа насилство. Не треба да се дозволи тие да го попречат демократскиот процес во земјава.“

изјави Килјунен кој работата на Државната изборна комисија и воопшто изборните органи ја оцени како транспарентна.

За медиумите во земјава тој рече дека направиле прекршоци во текот на информирањето на јавноста, како државните така и приватните медиуми

„Институциите кои го набљудуваа овој процес се подговени и понатаму да работат во земјава и да помогнат во развојот на демократијата.“

порача Килјунен

Претставниците на парламентарните собранија на ЕУ,
Советот на Европа и ОБСЕ го поздравија високиот одзив на граѓаните со што како што рекоа тие покажале дека имаат доверба во демократскиот процес во земјава.
XS
SM
MD
LG