Достапни линкови

Денеска гласаат војниците, затворениците и внатрешно раселените лица


1.664.296 избирачи со право на глас денеска и утре ќе избираат 120 пратеници во Собранието на Македонија, а ќе гласаат во вкупно 2.973 избирачки места во шест изборни единици.

Денеска во 7 часот отворени се гласачките месата кад што правот на глас треба да го остврат внатрешно раселените лица, војниците, затворниците и лицата кои поради здравствени прчини не се во состојба да одидат до гласачките места. Како што информира портпаролот на ДИК Зоран Таневски единствено проблеми се појавили во Куманово во кампопт Кристал во изборната единица 2 каде што гласањето било прекинато, па потоа продолжено:

„Отворено е и тоа гласачко место кај кампот Крисал и каде што треба да гласаат 1754 лица што се сместени во Куманово. Имаше мало недоразбирање бидејќи некои лица што веќе изгубиле статус на внатрешно раселени лица мислеле дека правото можеле да го остварат тука, но тие ќе може да гласаат во своето место на живеење во текот на утрешниот ден.“

Инаку бројот на лицата кои гласаат денска со исклучок на војниците според претседателот на ДИК Мирјана Лазарова Трајковска изнесува:

„Оваа бројка е нешто повеќе од 5,000 лица.“

Ова ќе бидат четврти парламентарни избори во
Македонија од нејзиното осамостојување во 1991 година и први по потпишувањето на Рамковниот договор во август минатата година со кој беше ставен крај на повеќемесечната воена криза во земјата.

За неделните избори во шесте изборни единици се поднесени вкупно 153 кандидатски листи од 30 партии, осум коалиции и пет листи на граѓани, со вкупно 3.060 кандидати. Во секоја изборна единица треба да бидат избрани по 20 пратеници во Собранието на Македонија. Инаку со најголем број гласачи е првата изборна единица која го опфаќа скопскиот регион со вкупно 279 944 додека со најмалку гласачи по број е 3 изборна единица односно Штипско Велешката со 278202.

Околу избирачките места во Македонија ќе бидат распоредени полициски сили, кои при евенуални инциденти имаат право да интервенираат и на самите гласачки места односно објектите каде што се гласа, а изборите ќе ги наблудуваат голем број домашни и странски монитори:

„4,858 набљудувачи, од кои 3799 се домашни, 1115 се странски.“
XS
SM
MD
LG