Достапни линкови

Лоренс Батлер, амбасадор на САД во Македонија. Затворање на поглавјето на насилството


Изборната кампања завршува. Каква е вашата генерална оценка и што ќе кажете за неколкуте инциденти што се случија

Мојата реакција за кампањата е дека таа беше сериозна , сите партии ги отворија прашањата за иднината на економијата, партиите од коалицијата која е на власт направија добра работа и ги објаснија работите што ги постигнале во изминатите четири години, опозицијата се сврте кон нејзиното гледање за постигнувањата на владата, а ги претстави и своите гледања за иднината. Мислам дека гласачите во Македонија сакаа да го слушнат токму ова. Тие ќе мора да одберат и преку гласањето да изразат кој сакаат да ги води во наредните четири години. Во поглед на инцидентите кои се случија, а ги имаше повеќе, ги осудуваме сите групи кои мислат дека можат да предизвикуваат проблеми како на пример блокадата на патот близу Прилеп. Тоа не беше начин на слободна демократска форма на изразување на граѓаните во земја која е потписник на стандардите на ОБСЕ и која се стреми кон членство во ЕУ, но случајот беше решен без употреба на сила. Не очекувам проблеми деновиве, премиерот лично ми вети, но тоа го стори и јавно, дека нема да толерира пречки во мирното изразување на политиачката волја во недела

Неодамна министерот за внатрешни работи Бошковски обвини некои новинари за наводни сценарија против актуелната власт во кои се инволвирани и странски диполамти. Ваш коментар

Амбасадорот Бигман мислам дека кажа многу добро, заканите до независните медиуми се неприфатливи во општества кои ги усвоиле меѓународните стандарди за слобода на говорот и го потпишале Хелсиншкиот договор, а се стремат кон членство во ЕУ и НАТО. Тоа беше многу несреќна и изјава за жалење. Вакви изјави во Македонија и во која било друга држава како и во мојата се неприфатливи

Според вас од какво знажење за земјава се парламентарните избори кои ќе се одржат в недела на 15 септември?

Ова се први избори по рамковниот договор и е прва можност за граѓаните на Македонија да се изјаснат на гласчките места и да ги потврдат потписите на рамковниот договор. Ако тој го затвори поглавјето на насилство, овие избори ќе придонесат во имплементација на охридскиот договор и ќе им дозволат на лугето да гледаат кон она што е битно како отварање на работни места, јакнење на институциите, продолжување на интегрирањето на земјава кон евроатлантските структури НАТО, ЕУ ММФ и други институции кои ќе придонесат за просперитет на земјава

Какви се вашите очекувања, како ќе помине денот на гласањето?

Едвај чекам, заедно со 44 мои колеги од амбасади да излеземе на терен, поточно да посетиме колку што можеме повеќе од околу 3000 гласачки места. Очекуваме многу луге да излезат да гласаат. Верувам дека ова ќе бидат добри избори и дека ќе нема насилство и лугето кои се одговорни треба да размислат кој ќе победи на изборите и како да се формира нова влада и потоа ќе треба да работат. Изборите не се крај, тие се само почеток.
XS
SM
MD
LG