Достапни линкови

Се очекуваат инциденти


За нас овие избори значат последна страница од последното поглавие на кризата, го цитира Фајненшл Тајмс специјалниот пратеник на Европската Унија во Македонија Ален Лероа. Ле Роа додава и дека ако се оди мирно на денот на изборите тоа ќе значи дека кризата е завршена. Сепак, според весникот, тоа би можело да биде само желба, имајќи ги в предвид радикалните елементи меѓу македонските сили за безбедност и меѓу албанските герилски групи кои го отфрлаат меѓународниот притисок за да се разоружаат.

Дипломатите на Европската Унија во Скопје, пишува Финаншенел Тајмс очекуваат проблеми, иако не на ниво кое би поништило изборите. Не се сомневам дека ќе има инциденти, само не знам колку, изјавил еден западен дипломат. Во секој случај ситуацијата во Македонија е многу подобра отколку пред една година кога Соединетите држави и Европската Унија интервенираа за да спречат граѓанска војна, се вели во Фајненшенел Тајмс.

Вашингтон Тајмс, пак повеќе се осврнува на состојбите во албанскиот политички блок и посебно чувствителноста на Македонците во однос на претседателот на ДУИ Али Ахмети кој беше лидер на бившата ОНА. Се цитира изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој вели – Ни една израелска партија не коалицира со ПЛО, Републиканците и Демократите не соработуваат со структурите на талибанскиот лидер Мула Омар. Сепак, пишува Вашингтон Пост Али Ахмети е најпопуларна личност меѓу Албанците во Македонија. Аналитичарите предупредуваат дека ќе биде грешка да се негира улогата на ДУИ во новата влада доколку оваа партија добие најмногу гласачи кај Албанците.
XS
SM
MD
LG