Достапни линкови

Злоупотреба од страна на политичките партии


Во текот на предизборнта кампања децата се употребуваат за политички цели односно на различни начини тие се злоупотребуваат од страна на политиките партии.
Челниците на детската амбасада Меѓаши велат:

„Во сите предизборни кампањи без ралика дали станува збор за локални, парламентарни или претседателски, ја забележуваме истата појава и ние тоа го имаме како еден генерален програм околу предизборието и постојано упатуваме апели до полиичките партии да внимаваат околу политичката злоупотреба на децата, со напомена дека стануав збор за деца до 18 години, според конвенцијата за правото на детето што е ратификувана во Собранието на Република Македонија.“

изјави извршниот директор на Меѓаши Драги Змијанац кој потсетува дека и самите родители свесно или не, се виновни за оваа појава

„Гледаме многу родители на предизборните кампањи со нивните деца. Некои од нив се рекрутираат и во политичките подмладоци, најчесто се активни во предизборието, кога треба да се агитира, кога треба да се извршаат одредени партиски активности, како на пример лепење плакати, постери, агитирање и многу често настануваат и несакани последици, судири и конфликти меѓу тие две политички групации. По завршувањето на предизборието, многумина од нив, разочарани, доаѓаат во невладиниот сектор, кај нас, и сакаат да се ангажираат за општо прифалливи и хумани цели.“

Дека децата се злоупотребуваат од страна на политичките партии предупредуваат и од невладината органзација „Спасете ги децата“. Дејан Сибиновски од оваа организација вели:

„Можеби американските претседатели имаат тактика во своите претставувања пред електоратот да бакнуваат бебиња, како би добиле уште некој поен од гласачите, меѓутоа нашата политичка сцена не е стигната дури ни до ова ниво. Децата често може да ги забележиме не само во пропагандните спотови, туку и на самата сцена од некои партиски митинзи, во партиските бои и партиските пораки, во својата маица или капа како да е нечие партиско знаме. Дури и ги знае сите партиски пароли, гласно извикувајќи, подджувано од целиот собир на возрасните гласачи.“

Местото на децата не е по плоштад или пак митинзи туку слободното време треба максимално да го трошат во образовно воспитните институции е ставот на извршниот директор на Детската Амбасада Меѓаши Драги Змијанац.
XS
SM
MD
LG