Достапни линкови

Зачувување на мирот и стабилноста на државата


Се чини дека денес како и пред единасет години кога грaѓаните покажаа дека е возможно да се содаде самостојна и независна држава се наоѓаме пред не многу полесна задача, да се зачува и одржи стабилноста и безбедноста на државата, рече претседателот на државата во својата оценка за предизвиците со кој се соочува Македонија денес, по минатогодишната војна.

Академик Блаже Ристевски од позиција на претставник на првата експертска влада и на историчар оценува дека во Македонија перспективите за мир сеуште за жал не се остварени. Причините за ова тој ги темели на податокот што сеуште на една третина на државата како што рече законот не функцинира, наместо македонски се веат знамиња на други држави и сеуште се пука.

Тој причините за минатогодишната војна ги темели на како што рече агресијата од Косово која била поттикната од платформата на албанската акдемија на науките во 98 година каде според Ристовски децидно е содржана идеата за големи држави.

Зборувајќи за иднината на Македонија Ристовски рече:

„Единствениот излез е почитување на законот, спроведување на законот и на уставот и според тоа омиротворување на земјата. Потоа можеме да ги ершаваме сите проблеми, ако такви постојат заеднички и со полна рамноправност.“

Од поинаква позиција војната и кризата во Македонија ја гледа Хисен Рамадани политиколог и поранешен независен пртеник во парламентот.

Според него Македонија се соочи со криза поради неможноста по остварувањето на независноста во 90-те години во целост да се прифатат новите демократски движења кои доаѓале од Европа.

„Во моментот се наоѓаме во еден меѓупростор во кој се натпреваруваат тенденциите кои може да ги насочат нашите движења кон развиени демократски стандарди и да ги втемелат постулатите за економски просперитет на земјата. Се надевам дека ќе преовладеат сиил кои имаат потенцијал и волја за општо добро.“

Според него друг проблем со кој се соочува Македонија е сеуште недоформираната политичка и професионална државничка класа или општествен слој на луѓе кои сакаат и умет да ги проектираат битните движења согласно реалниот идентитет на државата и светските демократски текови.
XS
SM
MD
LG