Достапни линкови

Едно киднапирано лице, пукано на Основниот суд


Утринава во седум часот на излезот од Тетово кон Гостивар три члена вооружена банда го запрела автобусот на агенцијата „Алтар Турс“. Вооружените лица влегле внатре и киднапирале еден патник, 37 годишниот Јусуф Карача од Гостивар, откако вооружената банда му одобрила на возачот да продолжи со другите патници се оддалечила во непознат правец.

Попладнево киднапираниот Јусуф во сопствената продавница им се јавил на домашните да не креваат паника, бидејќи како што рекол, по грешка бил одведен. Семејството не успеало повторно да воспостави контакт бидејќи телефонот на насилно одведениот Јусуф бил исклучен.

Рано утрово, во пет часот, вооружена група од возило во движење отворила оган во правец на влезот на Основниот суд во Тетово.
XS
SM
MD
LG