Достапни линкови

Денеска потпишан договор за приватизација на „Југохром“


Министерот за економија Бесник Фетаи и еден од сопствениците на француската компанија СЦММ Жак Мопа денеска го потпишаа договорот за продажба на компанијата „Југохром“. Се работи за продажба која според аналитичарите се реализира со големи попусти одобрени од страна на владата, а се со цел процесот да заврши пред почетокот на парламентарните избори. За исходот на преговорите синдикалниот лидер Стојче Крстевски коментира.

„Бројката од 2.000 вработени се постигна и ние ќе дадеме сигнално светло да се влезе во Југохром. Но, не сме задоволни од тоа што не се изборивме за тоа вработените да не се отпуштаат до пет години, наместо за една година.“

Според вака срочениот договор, за само 500 илјади долари СЦММ добива компанија комплетно исчистена од долгови што изнесуваа 85 милиони американски долари. Предвидено е во процесот на производство да користи електрична енергија со повластена цена, чија ценовна разлика би паднала на товар на државата. Единствената обврската на идниот газда ќе биде во наредниот период сукцесивно да почне да ги враќа на работа сите 1000 вработени за да по една година, вишокот од нив според договорот новиот газда ќе има право и да ги отпушти.

„Од 1 октомври 2002 година влегуваат петстотини вработени, потоа 30 декември влегуваат уште двесте работници, па до 1 февруари 2003 влегуваат уште 150, а до 1 мај 2003 година уште 150 работници.“

За да купопродажниот договр биде склучен во експресен рок владата заедно со двајцата најголеми доверители Агенцијата за санација на банки и Електростопанство на Македонија се откажаа и од претходно договорениот начина на обесштетување, според кој доколку цените на феролегурите на светските берза почнат да растат новиод газда на југохром да биде обврзан на доверитеите да им исплати дел од добивката. Според експертите, со оглед на фактот што цената на производот кој го произведува југохром веќе се движи со нагорен тренд проценките зборуваат дека се работи за остапка која доверителите ќе ја чинат 4 милиони евра во наредните 5 години.
XS
SM
MD
LG