Достапни линкови

Конфузија меѓу учениците за учебниците


Некомплетирани училишни ташни, талкања од книжарница во книжарница и конфузија го одбележуваат почетокот на школската година. Дел од учебниците предвидени за средното и основното училиште сеуште се во печат. Проблемите не застануваат тука. Многу ученици немаат точна претстава кој од учебниците што се во продажаба се соодветни на програмата за оваа година.

Прашуваме колку чини комплет за петто одделение, тие велат зависи од кој автор се учебниците, не може сите да се купуваат. Нешто има, нешто нема, мораш да одиш во други книжарници и да се шеташ

Не ни кажуваат кои книги се за употреба, некои уште не се печатени, некои не знаат за кои книги да се одлучат

Наставниците велат: „А, па ќе видиме...“


Овие недоречености учениците и нивните родители ги толкуваат како показатели за способноста на министерството за образование кое најави оти во секое училиште одделно на наставниците ќе им биде дадена можност да избираат еден учебник меѓу неколкуте што ќе бидат понудени:

„Се уште не се подготвени од Министерството за образование, се уште ништо не се знае, што значи уште ќе трае оваа еуфорија со книгиве.“

За проблемот со учебниците мнистрот за образоавние Ненад Новковски ги обвини издавачите:

„Тие издавачи што не стигнале да ги отпечатат своите изданија ризикуваат да не можат да ги продадат.“

Според принципот на врзани садови дилемата останува присутна во училиштатта меѓу повеќето учебници за ист предмет кои се со различни цени постои ли всушност квалитетна разлика.

Замената на стари со нови учебници пракса што зачести на секоја школска година некои просветни работници ја објаснуваат, едноставно, како реформа.
XS
SM
MD
LG