Заложничката драма во Македонија заврши. Со посредство на Меѓународната Заедница, односно Меѓународниот Црвен Крст околу 3 часот и 30 минути по полноќ киднаперите ги ослободија петте заложници. По нивното ослободување Министерот за Внтарешни Работи Љубе Бошковки изјави:
„Сведоци сте дека со помошта и разбирањето на кое наидовме кај меѓународната заедница и од одлучноста на владата – резултатот го гледате: спасени се животите на петмина македонски државјани. На македонската полиција секој живот на македонскиот граѓанин и е многу важен. Мислам дека ова ќе биде последното киднапирање и се надеваме дека овие методи ќе бидат минато во Република Македонија и ќе работиме натаму за разоткривање на дванаесетмината киднапирани и шестмината исчезнати лица кои исто така остануваат обврска за македонската влада и за македонската полиција.“
Заложниците се пуштени без никаков услов, еден од киднаперите кој се преставува како Халил за Радио Слободна Европа изјави:
„Мораше да ги пуштиме бидејки работата дојде на работ на есклација, не добивме ветување од МВР дека ќе ги ослободи нашите другари, тие ќе продолжат и понатаму колку што можат да апсат наши другари,“
изјави Халил.
За разлика од него кој твди дека зад нив не стои никаква организација. Денеска АНА преку соопштение број 17 ја презеде одговорноста за киднапирањето на македонските граѓани. Во него се вели:„Ниту еден Македонец нема да биде ослободен се додека не бидат испразнети македонските затвори кои се преполни со невини Албанци. Ниту еден Македонец нема да биде ослободен доколку не бидат пуштени од затвор поранешните борци на ОНА кои и покрај амнестијата повторно се држат како заложници и се малтретираат по македонските затвори. Ниту еден Македонец нема да биде ослободен се додека не престане државниот терор на славо макдонската држава над албанското население се вели во соопштението на т.н. АНА.
Во целиот случај сепак постојат спротивставени ставови, киднапираните лица веќе се на слобода, а од друга страна т.н АНА очекува некој сериозно да ги сфати нивните закани бидејки на крајот од нивното соопштение стои:„Ги предупредуваме македонските власти сериозно да ги сфатат нашите изјави кои не се и нема да бидат само празни зборови и изјави туку конкретни акции дури и против т.н Лавови на Бошковски, бидејќи Албанците во својата земја се лавови над лавовите.“