По 12 години неактивност во политичкиот живот, Сојузот на Синдикатите на Макеоднија донесе одлука активно да се вклучи во предизборната кампања. Нема да поддржиме партии, туку ќе го насочиме нашето гласачко тело да гласа за платформите на политичките партии кои ќе ги реализирааат нашите барање е ставот кој доаѓа од ССМ.
„За сега ССМ беше само нем посматрач и учесник во изборите, а сега сакаме нашите членови да бидат активни чинители во овој изборен процес.“
вели Бато Симоновски портпарол на ССМ. Зголемувањето на бројот на вработените, две до три години забрана за отпуштање од работа, како и зголемувањето на инвестиционата активност ќе бидат основните барања, што ќе мора да ги исполни секој политички субјецт што
ќе дојде на власт.
„Го повикавме и членството масовно да го искористи своето право на глас, за да може да бараме одговорност од оние што ќе бидат избрани. ССМ веќе нема да им дозволи на оние на власт да прават што сакаат, како што беше до сега, да ни ветуваат, а по изборите да не заборават.“
Активирањето на ССМ во политичкиот живот нема да значи одлевање на членството од синдикатот. Со овој потег ќе бидеме уште посилни.
„До сега ние не бевме вклучени и не бевме третирани, а сега се вклучивме и станавме интересни. Една третина од избирачкото тело би ја поддржало нашата платформа.“
Без разлика на исходот од парламентарните избори, новата влада по конституирањето ќе мора да потпише платформа со синдикатот и да ги исполни нашите барања, доколку во наредните четири години сака мирно да владее порачуваат од ССМ.