Достапни линкови

Почнува со работа финансиската полиција


Според најавите од министерството за финансии, финансиската полиција ќе стапи на сила, односно ќе започне со извршување на своите редовни активности на почетокот од септември. Законот што ги регулира правата и обврските на овој нов орган е веќе изгласан од страна на пратенциите. Новиот вид полиција ќе функционира како орган во рамките на министерството за финансии, а главна задача ќе биде борба против нелегалните финансиски трансакции. Финансиските инспектори, за разлика од даночните инспектори ќе имаат службена униформа, значки и легитимација, а ќе имаат право да носат, па дури во одредени случаи и да употребуват оружје. Според законската регулатива инспектор во финансиската полиција може да биде само лице што е државјанин на Република Македонија, неосудувано, психолошки здраво и не постаро од 35 години.

Финансиските инспектори ќе треба да прибират И обработуваат информации, со цел да се разоткријат даночни затајувачи, но и лицата што се вклучени во перење на пари, недозволена трговија со стоки, како и други кривични дела од финансиски карактер.

Во тој поглед финансискта полиција има големи областувања, бидејки може да врши контрола на финансиската документација кај фирмата или лицето кое се набњудува, да испитува деловни книги, да претресува деловни простории на обвинетиот, а со судски налог има право тоа да го стори и во неговото живеалиште. Финансиските инспктори дури ќе можат да го приведат лицето кое се набљудува, за кое било незаконско дело, како и да одземат стока, пари, хартии од вредност, компјутери, кои можат да послужат како доказ за извршеното кривично дело. Ако финансиската полиција утврди дека одделни дејствија имаат белег на кривично дело, таа е должна да поднесе пријава до јавното обвинителство.
Полицијата ќе располага со своја главна централа, како и со регионални дирекции, преку кои ќе ја остварува својата дејност. Со работењето на финансиската полиција е предвидено да раководи главен инспектор, кој ќе го именува и разрешува владата.
Економските експерти проценуваат, македонјиа е земја во која сивата економија учествува со преку 50% во бруто домашниот производ, а само на име затајување на данок државата годишно е оштетена за најмалку 200 милиони американски долари.
XS
SM
MD
LG