Достапни линкови

Војниците и привремено раселените лица ќе гласаат ден порано


Државната Изборна Комисија продолжува со тековните активности. На последната седница донесени неколку упатства за начинот на спроведување на изборите.

„ДИК усвои неколку упатства меѓу кои и кое ливче ќе се смета за важечко, односно на кој начин граѓаните ќе можат да ја обележат партијата, подносителот на листата или кандидатот, носителот на листата на кандидати. Потоа, беше донесено упатство за тоа како ќе гласаат раселените лица, војниците и лицата кои се на отслужување затворска казна. Потоа беше донесена одлука за почеток на едукацијата на регионалните изборни комисии што треба да започне во текот на идната недела. И во текот на денешниот ден се очекува од министерството за правда да биде доставен избирачкиот список што ќе треба да биде потврден од ДИК.“

изјави портапролот на ДИК Зоран Таневски кој објаснува како ќе гласа една специфична категорија на гласачи, внатрешно раселените лица, војниците и затворениците за кои изборите ќе се спроведат еден ден пред официјалниот термин за одржување на изборите односно на 14 септември.

„Војниците, лицата што се отутни на денот на гласањето, односно лицата што се на отслужување на затворска казна и во случајов раселените лица ќе гласаат на тој начин што за нив општинските изборни комисии формираат посебен избирачки одбор и ги посетуваат местата каде што се овие војници, односно затворите.“

Претстојните парламенарни избори се спроведуваат според новото изборно закондавство со кое е предвиден чист пропорционален модел, а државата е поделена на шест изборни едиици во кои право на глас имаат по околу 280 илјади гласачи.

Во третата штипско-велешка изборна единица право на глас имаат 278 илјади 202 гласачи, а освен ови две општини изборната единица три опфаќа уште 29 други меѓу кои и дел од скопските.

За 20 пратенички места ќе се натпреваруваат 460 кандидати од 23 листи на политички партии.

Додека во четвртата изборна единица односно Струмички регион право на глас имаат 278 илјади 505 гласачи, а опфаќа 7 поголми општини меѓу кои и

„Прилеп, Радовиш, Валандово, Гевгелија, Струмица.“

изјави пртседателот на регионалната изборна едници 4 Светолик Николов, кој за бројот на пријавените партии што ќе се борат за 20 места кои водат во обраниските клупи вели:

„Беа доставени кандидатски листи од 22 партии, со ждрепка беше утврден редоследот на партиите на гласачкото ливче кое е во печатење.“
XS
SM
MD
LG