Достапни линкови

Избирачкиот список утре ќе биде доставен на ДИК


Избирачкиот список утре ќе се достави до Државната изборна комисија, односно ќе се знае точниот број на гласачи за претстојните паралментарни избори што ќе се одржат на 15-ти септември, изјави министерот за правда Иџет Мемети. Тој објаснува дека за потврдување на избирачкиот список има посебен план помеѓу Министерството за правда, заводот за статистика и ДИК според кој:

„Денеска почнуваат од статистика да се печатат и до министерството доаѓаат изводите од избирачките списоци. Се потврдуваат од подрачните единици, утре министерот ќе ги заклучи, а утре попладне ќе се предадат на ДИК.“

Министерството за правда откако ќе го достави заверениот избирачкиот список до Државната изборна комисија, таа има само право да го потврди истиот, вели портпаролот на ДИК, Зоран Таневски. Тој објаснува дека највисокиот изборен орган:

„Само проверува дали се извшрени оние корекции што се барани од граѓаните и што се доставени преку министерството за правда, врховниот суд и ДИК.“

Оваа постапка ДИК треба да ја спроведе во рок од шест дена откако ќе и биде доставен заверениот избирачки список од Министерството за правда
Инаку избирачкиот список до денеска не е доставен до Државната изборна комисија затоа што претходно министерот за правда, Мемети ги поништи решенијата во кои неговиот заменик Трајко Велјановски се обиде да направи фалсификат по налог на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски со вметнување на 3,500 лица од Пустец Мала Преспа кои немаат место на живеење во земјава, туку сите се заведени на адреса на министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG