Достапни линкови

АРМ да опстои во својата трајна определба


Модерна, мобилна, добро обучена и современа армија и е потребна на Република Македонија, на колективните безбедносни системи, а потребна и е и на целата меѓународна заедница и на интернационалната анти-терористичка коалиција, рече претседателот на државата и врховен командант на оружените сили Борис Трајковски, по повод одбележувањето на десет годишниот јубилеј на АРМ.

Секојдневните настани во поранешните кризни подрачја потврдуваат дека и понатаму ќе има многу пречки и предизвици во реализирањето на мерките и активностите за доаѓање до траен мир, рече Трајковски, кој укажа дека:

„Има суеште за жал вооружени и криминални екстремистички групи кои ќе се обидуваат да го оневозможат враќањето на мирот и стабилноста во Република Македонија. Но, затоа пак АРМ како војска на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на нивната етничка и верска припадност и натаму мора да опстои на својата трајна определба, да придонесува за враќањето на мирот и довербата меѓу граѓаните.“

Во таа насока, АРМ најдобро ќе го брани суверенитетот и интегритетот на државата:

„Како структурна и компатибилна и интероперабилна со стандардните на НАТО.“

Денот на АРМ беше одбележан со специјално дефиле на сите единици на армијата, а беа изложени и орудија со кои располага армијата од кои најголемиот дел беа набавени за време на минатогодишната воена криза.
XS
SM
MD
LG