Достапни линкови

Спречен изборен фалсификат


МВР се обидело да направи тешка злоупотреба на описите на избирачките места со вметнување лица со фиктивни државјанства, објасни министерот за правда Иџет Мемети

„Во изборната единица број 1, поточно во општина Центар е утврдено дека бројот на избирачите е енормно зголемен. И тоа за околу 3,500 гласачи.“

Решен да го спречи изборниот фалсификат тој ги поништил овие решенија што без негово знаење и со злоупотреба на неговиот потпис биле верификувани.

„Мојот потпис е злоупотребен од страна на Заводот за статистика во делот кај описите на избирачките места и јас го повлеков. Тоа било направено по усмени наредби од одредени функционери.“

Тој обвини од МВР за спречување на овој фалсификат тој трпи закани дека ќе биде ликвидиран или уапсен, а со цел тој да го прекрши законот и да ги вметне овие лица.

„Верувам дека ќе истраам, без разлика на заканите што ги спомнав. Око нема да ми трепне, иако имам закани и за семејство и за мене...“

Дека овие 3,600 лица требало да бидат вметнати во списокот потврдува и министерот за внатрешни работи и го обвини Мемети за анти-македонство и најави негово можно приведување по изборите.

„Тој ги елиминира 3,500 македонски државјанства дадени на Македонци од Мала Преспа кои живеат на територијата на Република Македонија кои имаат државјанства од почетокот на оваа година, а сега добиле пасоши.“

рече Бошковски според кого Мемети е сателит на СДСМ.

Според министерот Мемети за едно лице да добие државјанство треба да поднесе молба со документи кои меѓу другото треба да претставуваат потврда дека лицето има стан во државата.

„Се случува сите 3,500 да се водат во зградата на МВР.“
XS
SM
MD
LG