Достапни линкови

Пукано кон двајца војници на АРМ


Инцидентот се случил синоќа после 21 часот кога од две возила во движење од кое едното било со странски регистарски таблички било пукано кон двајца војници на АРМ.

„Лицата кои пукаа, најпрвин со автоматска пушка, а потоа фрлија и рачна бомба од кинеско потекло во насока на војниците, според она што можеше да се констатира, се од албанска националност.“

рече полковник Благоја Марковски.
За среќа двајцата војници поминале само со полесни гребнатинки. Портпаролот на АРМ укажува дека по подолго време ова е директен напад врз припадници на АРМ од страна на како што рече терористички банди од чија страна:

„Овде се работи, исклучително за терористипчки групи и ова треба да се согледува пред се од аспект што овие терористички банди сакаат своите терористички дејства да ги пренесат во урбаните средини.“

Оценува Марковски според кого нападот врз припадниците на АРМ не мора да се поврзува со Илирида, но дека и тоа не може да биде исклучено.

МВР засега нема податоци за идентитетот и за идентитетот на предизвикувачите на инцидентот. Министерот за одбрана кој вчера оцени дека бебедносната состојба во текот на предизборната кампања и за време на изборите може да стане чувствителна поради постоењето групи кои се незадоволни од решението во рамковниот договор во врска со нивниот реален капцитетот рече:

„Тие групи, во целина земено, не претставуваат сериозна сила“

рече Владо Поовски и додаде дека таквите групи немаат подршка од населението ниту од мегунардната зедница.
XS
SM
MD
LG